На оваа насловна страница има дури пет Фотошоп грешки, но знаете ли зошто?

Точка

19/05/2018

12:58

2.817

Големина на фонт

а а а

Фотошоп катастрофите се толку вообичаени во денешно време што јавноста прилично рамнодушно ја прифати веста дека насловната страница на списанието “GQ” е погрешна.

Но, кога ќе погледнете подобро, ќе сфатите дека жените на насловната имаат по три или четири раце и исто толку нозе, а сето тоа е намерно. 

Да, “GQ” намерно ги претворил трите комичарки во “нечовечки суштества”. Станува збор за издание кое е посветено на комедијата, а таа започнува на насловната страница со исмевање на насловната на “Vanity Fair” на која Рис Витерспун имаше три нозе, а Опра Винфри три раце.

##https://twitter.com/2many2read/status/956570324186947585?s=20##

Кејт Мекинон, Иса Реј и Сара Силверман позирале во вечерни тоалети, но доколку добро ги погледнете дамите, ќе забележите многу Фотошоп “грешки”.

“Длабоко жалиме поради насловната страница на списанието посветено на комедија”, напишале од “GQ”, а тогаш многумина сфатиле дека станува збор за шега.

“Page Six” напишале дека уредниците на “Vanity Fair” се бесни поради ваквиот потег бидејќи нивните колеги од “GQ” не ги предупредиле како ќе изгледа нивната насловна страница.

##https://twitter.com/KimKanyeKimYeFC/status/997088549374693376?s=20##

“Сестринската публикација им се потсмева, а тие дознаа за тоа кога дозна и целата јавност”, изјавил извор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг