Патент го откри уредот на иднината на Моторола...

Точка

18/05/2018

19:31

4.638

Големина на фонт

а а а

Не е Самсунг единствената компанија која што развива паметен телефон со флексибилен екран - патент откри дека и во Моторола имаат слични планови.

Многу гласини се појавија досега околу првите „револуционерни“ телефони кои што ќе бидат на преклопување, односно ќе имаат флексибилен екран, но досега ниту еден производител не претстави таков уред.

Тоа наскоро би требало да се промени, затоа што, како што беше најавено, веќе идната година Самсунг би требало да го претстави својот прв телефон со флексибилен екран.


Сепак, новите информации кои што ги објави "t3" откриваат дека на сличен уред работат и во Моторола чија што цел е очигледно да се направи универзален мобилен уред кој би можел да се користи како класичен паметен телефон, но и како таблет.

Патентот кој што бил пријавен од Моторола, не се однесува на уред со два екрани, туку станува збор за уред со еден екран кој што во зависност од желбата на корисникот, ќе може да се преклопува и да се користи како „нормален“ паметен телефон, но и да се расклопува и да се користи како таблет.


Патентот открива дека уредот ќе поседува две камери - едната ќе се користи за фотографирање и снимање на видеозаписи додека уредот се користи како паметен телефон, а кога уредот ќе се користи како таблет, тогаш ќе може да се користат двете камери и со нив да се прават 3Д фотографии.

Со оглед на тоа што станува збор само за патент, не е познато дали Моторола ќе започне со негов развој, но со оглед на тоа што се почесто кружат информации за вакви телефони, нема да биде изненадување ако Моторола се обиде да биде првата компанија која што ќе се пофали со хибрид на паметен телефон и таблет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг