Не остава простор за фантазија: Адријана Лима го освоила црвениот тепих во проѕирен златен фустан

Кармин

18/05/2018

14:42

5.347

Големина на фонт

а а а

Бразилската манекенка ги покажала сите свои адути. Адријана Лима вчеравечер мамела погледи на amfAR галата, свечен настан кој се одржува секоја година во склоп на Канскиот филмски фестивал.

Прекрасниот ангел на Викторија носела долг, тесен златен фустан со длабоко деколте, отворен грб и висок прорез на долниот дел.  


Ефектниот фустан со потпис на дизајнерот Џулиен Мекдоналд ја нагласил нејзината совршена фигура, а 36-годишната манекенка ја искористила оваа прилика да се пофали и со своите витки и долги нозе кои таа обожува да ги покажува.


На нозете носела златни сандали со ременчиња кои модните експерти не ги препорачуваат за жените кои се ниски бидејќи визуелно ги скратуваат нозете, но Адријана нема проблем со тоа.


Дополнителна доза на сексапил ѝ “подарила” и залижаната коса – фризура која последните неколку сезони е повторно во мода, а убавата Бразилка заблескала и со неутралната минималистичка шминка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk