“Must have” парче на сезоната за девојките кои не обожуваат фустани

Кармин

18/05/2018

12:35

3.087

Големина на фонт

а а а

Со доаѓањето на топлата сезона, многу девојки им се радуваат на убавите лелеави фустани.

Но, доколку не сте љубител на фустаните, трендовите оваа сезона се на ваша страна. Секако, фустаните и понатаму доминираат со пролетната мода, а се сомневаме дека нешто поинаку ќе биде и во летниот период, но оваа сезона подеднакво се популарни и комбинезоните, а посебно моделите од џинс. 

Досега веројатно сте ги забележале модните комбинации на познатите Инстаграм девојки, а како што растат температурите сè почесто гледаме и модели од лесни ткаенини со кратки ракави и ногавици.

Нивната магија овозможува да изгледате средено и модерно во еден потег.

Комбинезоните одлично се вклопуваат во разни прилики, од лежерни преку деловни па сè до свечени, што го докажуваат и овие одлични Инстаграм аутфити кои можат да ви послужат како модна инспирација.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk