Масовно се потпишува петиција, а се даваат и откази: Вработените на Google против соработката на технолошкиот гигант со Пентагон

Точка

17/05/2018

17:19

3.781

Големина на фонт

а а а

Повеќе од четири илјади вработени во Google досега ја имаат потпишано петицијата која што ќе му биде предадена на шефот на компанијата, Сундар Пичаи, а во која што се противат на соработката на Google со американското министерство за одбрана.

Со оглед на тоа што петицијата засега немала некаков учинок, најмалку 12 лица досега дале отказ. Еден од вработените кои што дале отказ, предупредува за ситуацијата во Google во изминатите неколку месеци, лошото однесување на челниците на компанијата и на начинот на кој што вработените никој не ги слуша за ништо.

Да потсетиме, Google се согласи да биде дел од Project Maven на Пентагон во кој што американското министерство за одбрана доби дозвола да ја користи технологијата на Google, односно вештачката интелигенција и машинското учење за анализа на огромен број на видеозаписи и фотографии направени со дронови.


Со оглед на тоа што станува збор за огромна количина на податоци, практично е невозможно луѓето да ги анализираат сите, а со оглед на тоа што Пентагон и нема така напредни алатки како Google, затоа побарале помош од технолошкиот гигант.

Иако од Google тврдат дека нивната технологија нема да се користи во „офанзивни цели“, повеќето од вработените во компанијата сепак останале шокирани кога дознале дека технологиите кои што ги развиаат на крајот ќе ги користи американското министерство за одбрана.


Користењето на комерцијалните алатки на Google во воени цели, па макар и за анализа на фотографии и видеозаписи, би можело да има негативно влијание не само на вработените во компанијата, туку и на милиони корисници на услугите на Google.

Сега останува да видиме дали петицијата на вработените, но и отказите ќе ги премислат челниците на Google да се откажат од проектот или сепак компанијата ќе ја продолжи соработката со Пентагон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг