Вонземјанскиот живот би можел да постои во други универзуми, вели групата научници која ја проучува мистериозната сила позната како "темна енергија".
Претходните теории сугерирале дека нашиот универзум има совршена количина на темна енергија, која делува против гравитацијата и го тера космосот забрзано да се шири. Се сметало дека поголема брзина би предизвикала рапидно ширење, што ѕвездите и планетите немало ни да стигнат да се формираат.
Теоријата за повеќе универзуми, која се појавила во 80-тите години од минатиот век, зборувала дека "за среќа, имаме мала количина" од таа сила во универзумот. Но, научниците од Универзитетот Дарам сега тврдат дека овие небесни тела сеедно би се формирале дури и кога универзумот би имал 100 пати повеќе темна енергија од нашиот. Тие со помош на компјутерска симулација покажуваат дека другите универзуми, ако постојат, веројатно имаат форми на живот.
"Создавањето на ѕвезди во универзумот е борба меѓу привлекувањето на гравитацијата и одбивањето на темната енергија", вели славниот професор Ричард Бауер.
Scientists believe alien life may exist after discovering mysterious 'force' https://t.co/9QTuVOZHYo
— Shawn G. Chasing The Truth (@1shawnster) May 14, 2018
"Ние откривме во нашите компјутерски симулации дека универзумите со многу повеќе темна енергија од нашиот можат да создадат ѕвезди. Зошто тогаш во нашиот универзум има толку малку темна енергија? Мислам дека би требало да побараме нов закон по физика кој ќе ја објасни оваа чудна појава во нашиот универзум", рекол Бауер.
Овие истражувања се објавени во два поврзани трудови во списанието "Monthly Notices of the Royal Astronomical Society", а симулациите се направени со помош на проектот "EAGLE - Evolution and Assembly of Galaxies and their Environments", кој најреалистично го мапира Универзумот за кој знаеме.
Општоприфатена е теоријата дека нашиот универзум настанал по големата експлозија. Многу научници сметаат дека тоа значи дека универзумот во некои подрачја и натаму се шири и дека тоа станува бесконечно. Така се создаваат неограничен број на други универзуми, кои имаат планети како Земјата, општества, држави, па дури и поединци кои се наша слика и прилика.