Американската манекенка Криси Тајген открила дека пристигнал најмладиот член на семејството.
Манекенката која е во брак со пејачот Џон Леџенд по втор пат стана мајка, а оваа вест таа ја соопштила на нејзиниот Твитер профил.
“Некој пристигна”, шеговито напишала Криси со емотикони од прегратки и шишенца млеко, а Леџенд ја ретвитнал нејзината објава.
Somebody’s herrrrrrre! 🍼🤗🍼🤗
— chrissy teigen (@chrissyteigen) May 17, 2018
Славниот пар од 4-годишниот брак ја имаат ќерката Луна, а сега имаат принова во семејството. Познатите личности брзо почнале да им испраќаат честитки по пат на интернет, во кои напишале најубави желби за новороденчето, но и за среќните родители.
Обожавателите на славниот пар биле тотално изненадени од оваа вест затоа што не го очекувале бебето сè до крајот на јуни.
“Го очекуваме бебето напролет. Ќе ти кажам – во јуни”, изјавила Тајген во емисијата на Елен Деџенерис во февруари.
Дали бебето е порано родено или манекенката ја криела точната информација за да може да се породи во мир сè уште не е познато.