Што се случило со Хурем?: Познатата турска актерка целосно се трансформирала

Кармин

17/05/2018

09:47

6.951

Големина на фонт

а а а

Турската актерка Меријем Узерли, попозната и како Хурем од серијата “Сулејман Величествениот”, е една од почесните гостинки на Канскиот фестивал.

На црвениот тепих таа била дочекана со овации иако не изостанале ниту коментарите дека Узерли сега е само бледа сенка на некогашната убавица – лицето ѝ е видливо затегнато, а има зголемени усни и пренагласени образи. 

“Лицето ти изгледа чудно”, “Боже, што си направила со усните, огромни се”, “Премногу ботокс. Зошто? Беше прекрасна”, “Изгледаш пластично”, се само некои од коментарите на нејзиниот профил на Инстаграм каде објавила неколку фотографии од филмскиот фестивал.

Актерката била и во друштво на познатиот холивудски актер Џон Траволта.

Турската актерка со германско потекло е позната по тоа што во екот на славата доживеа нервен слом. Таа ја напушти серијата која ѝ донесе светска слава, а по бројните расправии и малтретирања од тогашниот партнер Кан Атес, Меријем пробала и да се самоубие.


Узерли останала бремена од Атес кој да терал да абортира, но таа ја прекинала врската со него и се преселила во Берлин, каде денес сама ја одгледува својата 4-годишна ќерка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk