Заедницата на жени, "мачки" кои со своите фетиши создале свој рај во Колорадо. Основано од мачката Изабела Антоанета, која е родена во Велика Британија, Cat Girl Manor е Викторијанска палата претворена во женска оаза која се занимава со женски игри, БДСМ подмножество кое подразбира облекување и играње како мачки.
Антоанета вели дека мажите често го поврзуваат Манор, познат како замокот Мачка со Плејбој палатата, но таа вели дека таа споредбата воопшто не е слична.
"Јас им велам не, различно е", изјави таа за The VICE Guide to Sex. "Хју Хефнер ја креираше Плејбој палатата со зајачици за да продава магазини за мажи. Додека со нашиот замок, беше направен за девојки, за наш стил".
"Половина од жените кои чувствуваат власт од игрите живеат во нашиот замок, кој е украсен со слики од антропоморфни мачки, крзнени БДСМ играчки и Викторијански декорации". Дури многу повеќе жени се најавуваат на Интернет на веб страната на Антоанета, TheChateau.org и присуствуваат на гламурозните настани кои таа ги организира. Мачињата обично се покоруваат кон бодибилдерите, кои се нарекуваат "џентлмени". Заедно тие издвоиле посебен и безбеден простор каде ќе можат да ги остваруваат своите фантазии.