Најтенката старлета: Еве што јаде за да тежи само 44 килограми

Кармин

08/05/2018

11:39

6.803

Големина на фонт

а а а

Кортни Кардашијан, која е на чекор до својот 40-ти роденден, признала дека има само 44 килограми.

Во една од епизодите на своето фамилијарно шоу “Keeping Up With The Kardashians”, Кортни признала колку е тешка и открила кои додатоци во исхраната ги користи секој ден. 

“Во овој момент, мојата исхрана се темели на умереност. Се трудам да јадам здрава храна кога сум дома и да одржувам рамнотежа помеѓу здравото органско овошје и зеленчук, како и здравите маснотии и протеини. Сфатив дека тоа што го внесувам влијае на сè, од мојата кожа, преку моето расположение па сè до нивото на енергија”, изјавила старлетата.

Таа потоа набројала сè што внесува во своето тело во текот на денот:

“Најпрвин пијам колаген со вода. Во текот на денот пробувам да пијам што повеќе вода. Потоа следува смути со протеински додаток од рибини коски, масло со триглицериди и алги. Потоа е време за храна – за ручек бирам органска салата. Во последно време консумирам салата со авокадо, варени јајца, краставица и домат. Попладне пијам зелен чај и консумирам грицки, најчесто тоа е чипс. За вечера јадам лосос или пилешко месо на грил со пире од карфиол, а понекогаш консумирам и ориз”, открила Кортни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk