Касемиро: Резултатот е фер, судијата не е виновен за ова реми…

Дерби

07/05/2018

15:22

1.302

Големина на фонт

а а а

Дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид во Примера заврши без победник (2-2), но и со многу коментари и реакции за арбитражата на главниот судија Алехандро Ернандез Ернандез.

Тој имаше неколку спорни одлуки кои имаа директно влијание врз резултатот, но без разлика на се бразилскиот репрезентативец Касемиро застана зад него притоа барајќи ја вината во низ што не успеале да ја скршат Барселона иако целото второ полувреме го играа со играч повеќе.

- Мора да бидеме јасни, ова реми не е поради судијата. Не можеме да зборуваме за судијата, тој секогаш сака да биде најдобар што може. Можеби направи грешки за еден и за другиот тим, ама треба да зборуваме за натпреварот, а не за судијата. Иако Барселона е шампион, ние покажавме оти овие два тима се најдобри во лигата. Резултатот е фер иако судијата можеше да покаже пенал за Марсело. Имаше сомнежи во некои ситуации. Имавме контрола кога тие останаа со играч помалку. Квалитетот на играчот ја направи разликата за голот за 2-1 и ние малку се загубивме во вториот дел без Роналдо, - порача Бразилецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг