Трендот на чудните фармерки продолжува и оваа година. Минатата година беа популарни проѕирните “фармерки”, а овогодишниот најнов хит во светот на бизарната мода се т.н. “танга-фармерки”.
Нивниот назив потекнува од фактот што тие се сочинуваат само од рабови на фармерки, а на подрачјето кај задникот имаат тенка џинс лента. Станува збор за парче на американскиот бренд “Carmar Denim” кое изнесува неверојатни 168 долари.
Но, доколку помисливте дека не постои некој кој е доволно луд да ги купи овие скапи фармерки, се лажете. Изреката дека секоја роба има свој купувач уште еднаш се покажа како вистинита бидејќи овој модел на фармерки е моментално целосно распродаден, а за нив постои и листа на чекање, пишува “Harper’s Bazaar”.
Доколку ве интересира како гордите сопственички го комбинираат ова бизарно парче облека, еве еден мал Инстаграм преглед: