Викторија Сикрет: Откриен планот за исхрана на најубавите жени на светот

Кармин

03/05/2018

11:23

7.417

Големина на фонт

а а а

Моделите од брендот за долна облека, Викторија Сикрет мора да бидат во одлична физичка форма пред годишните ревии, а токму вака изгледа нивниот план и програма за вежбање и исхрана.

Кога станува збор за диета, нивната исхрана е основана на добри масти и протеини, како и ниско ниво на јаглени хидрати. Максималниот број на калории кои смеат дневно да ги внесуваат се 1300. 

Манекенките добиваат совети од експерти за исхрана, односно со секој оброк јадат повеќе пилешко месо, говедско или риба или три јајца.


Млекото и глутенот им се забранети, како и овошјето кое расте под земја, бидејќи се смета дека е тешко за варење.

Шеќер исто така не смеат да јадат, вклучувајќи го и овошјето. Нив им се дозволени само боровиники, малинки кои треба да ги јадат два пати дневно.


По сопствен избор можат да јадат леќа или леблебии, кафеав ориз, компир или киноа.

Ангелите наутро тренираат на празен стомак, односно дозволено им е само вода и кафе, а после тренингот конзумираат протеински шејк.


Последниот оброк треба да им биде до 18 часот, а алкохолот сосема им е забранет. Манекенките спијат од 7 до 8 часа и пијат од два до четири литри вода.


Кога станува збор за вежбањето, моделите пред самата ревија имаат 6 пати тренинзи неделно во траење од еден час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk