Гутереш: Договорот со Иран не треба да се отфрли

Нетпрес

03/05/2018

10:36

762

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди денеска дека нукреланиот договор со Иран не би требало да ги отфрли, освен ако за него не се најде добра алтернатива, јавува „Ројтерс“.

Ако еден ден дојде до подобра спогодба со кој ќе го замениме сегашниот договор, тогаш е во ред, но не би требало да се отфрла ако немаме добра алтернатива- изјави Гутереш, откако американскиот претседател, Доналд Трамп се закани дека Вашингтон же се повлеше од спогодбата, што предизвика дипломатска напнатост со Иран, како и со сојузниците на САД, кои сакаар да го сочуваат договорот.

Верувам дека Иранскиот нуклеарен договор беше значајна дипломатска победа, но исто така верувам дека постојат области во кои ќе биде значајно да имаме смислен дијалог, гледаме дека регионот е во многу опасна ситуација- рече Гутереш.

Тој додаде дека исто така, треба да се разбере загриженоста на некои држави во врска со влијанието на Иран врз другите земји од регионот, но мисли дека треба тие работи да се раздвојат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг