Најубавите и најпопуларните фризуири за секоја должина на коса

Кармин

30/04/2018

14:06

6.989

Големина на фонт

а а а

Убавото време дополнително ни ја поттикнува желбата за промена кај самите себе, а веројатно првото нешто што ќе ни падне на памет е фризурата. Сигурно Ве интересираат најновите трендови, а ние ги собравме сите на едно место.

Добрата вест е дека оваа сезона се носат сите должини на коса, а помеѓу најпосакуваните 6 фризури сигурни сме дека ќе пронајдете барем една за себе.

Боб со шишки 

Шишките уште од почетокот на годината се наметнаа како една од најпосакуваните фризури за оваа сезона, а во комбинација со рамната боб фризура прават совршен изглед за оваа сезона. 

Пикси фризура на слоеви

Дамите кои сакаат кратка фризура ќе ја обожуваат ова варијанта на класична пикси фризура која е многу лесна за одржување и нејзино стилизирање.

Шишки завеса

Како што кажува и нивното имто, овие шишки му даваат изглед на лицето како завеса, па ќе го освежи сечиј изглед.

Шеги кат (Shaggy cut)

Оваа бушава фризура е идеална за жените кои не сакаат да го трошат времето за средување на нивната коса секое утро, бидејќи целта е косата да изгледа неуредно, а особено добар избор е летниот период.

Лежерна боб фризура

Доколку не сте љубител на шишките, можете да направите и нормална боб фризура, а оваа сезона е навистина “кул” да се носи и неуредна боб фризура, односно бушава.

Долга брановидна коса

Ако негувате долга коса и немате во план да ја скратите, оваа сезона ќе бидете “IN” ако природно обликувате брановидни локни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk