Самохрана мајка и нејзините деца гледале туторијали на „ЈуТјуб“ и си ја изградиле куќата од соништата

Точка

28/04/2018

21:34

8.574

Големина на фонт

а а а

Мајка на четири деца, Кара Брукинс вели: „Нема ништо помоќно од тоа да ја изградите својата иднина со сопствените раце”. Иако ова би го сфатиле како метафорична мантра, Брукинс и нејзините деца Роман, Џада, Хоуп и Дру буквално ја докажале оваа реченица кога одлучиле сами да ја изградат својата куќа од соништата.

Како млада мајка, Брукинс се соочила со многу предизвици во текот на животот, вклучувајќи насилни врски и два пропаднати бракови. Во 2007 година, по распаѓањето на нејзиниот втор брак, Брукинс одлучила дека е време за нов почеток.


Меѓутоа, наместо да се пресели во друга куќа, таа имала поинаква идеја: зошто да не изгради куќа? Уште подобро, зошто сите заедно да не го направат тоа?


„Ни требаше нешто ново”, изјави таа за BuzzFeed. „Се чувствував засрамена и бев загрижена дека тие немаат самодоверба и немаат верба во ништо”.


За да го поправи односот со нејзините деца, кои во тоа време биле на возраст од 17, 15, 11 и 2 години, Брукинс одлучила да го направат својот дом од соништата, реалност.


По купувањето парцела во Брајант, Арканзас, и земајќи заем од банка за да набават алатки и опрема вредни 150.000 долари, таа и децата почнале со работа.


Без било какво искуство во градежништво, таа и нејзините деца гледале „ЈуТјуб“ видеа за да ги водат во секој чекор. Ова вклучувало видеа од истурање бетонска основа до поставување тули.


Напорната работа на семејството резултирала со Inkwell Manor, прекрасен дом на два ката, со 5 спални. Семејството Брукинс живее веќе девет години во нивниот „Направи Сам” дом, и никогаш не биле посреќни - или похрабри.


„Тие сега се бестрашни”, горделиво вели Кара. „Се впуштаат во сè без страв. Нема ништо што тие не би можеле да направат. Тоа е неверојатна работа.”


Како и секој вреден проект, изградбата на Inkwell Manor не била лесна, и самиот процес бил, нормално, многу напорен. Меѓутоа, Брукинс не би променила ништо.


„Додека нашите прсти речиси замрзнаа додека мешавме бетон, нашите грбни мускули болеа од кревање и носење тежок товар, и се потевме и чешавме додека поставувавме изолација од фиберглас, ние исто така, повторно го изградивме нашето скршено семејство.”

Пред


Потоа

Денес



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk