Гламурозниот фустан на Џенифер Лопез не остава многу простор за фантазија

Кармин

25/04/2018

15:53

4.207

Големина на фонт

а а а

На гала вечерта на списанието “Time” по повод листата на 100 највлијателни личности на светот, сите погледи биле вперени кон пејачката Џенифер Лопез.

Списанието ја сместило 48-годишната пејачка на својот овогодишен попис бидејќи таа е првата латино актерка која заработила повеќе од еден милион долари за улога во филм и е првата жена која имала најпродаван албум и најпродаван сингл во иста недела. 


Џеј Ло заблескала и на една од шесте специјални насловни страници на списанието во секси фустан со перја, а таа вчеравечер го подигнала својот сексапил на едно повисоко ниво.


Во раскошен фустан на Зухаир Мурад со златни детали во облик на листови, Лопез го покажала своето бујно деколте, но и совршено извајаните нозе. На нозете носела златни сандали со платформа кои одлично ѝ ласкале на нејзиниот бронзен тен.


Косата ја носела во високо коњско репче кое веќе стана нејзин заштитен знак, а таа уште еднаш успеала да нè засени со својата безвременска убавина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk