Очилата за сонце оваа сезона се ставени во посебен фокус.
Овогодишните трендови навистина се разнолики и пред сè одважни. Затоа сме сигурни дека помеѓу најпосакуваните модели на сезоната ќе пронајдете барем еден пар по ваш вкус, а секој од овие очила ќе ви помогне и оваа пролет да го унапредите вашиот моден стил.
Кога Ријана се појави на минатогодишниот филмски фестивал во Кан со минијатурни очила за сонце, таа го отпочна еден од водечките трендови за оваа сезона.
Очилата за сонце во облик на срце и оваа сезона станаа хит помеѓу познатите трендсетерки и модни блогерки, а за нивната популарност најмногу придонела модната куќа Ив Сен Лорен која ги смести токму ваквите очила во својата колекција за актуелната сезона.
Впечатливите очила за сонце со стакла во сите бои се носат уште од минатата година, а оваа сезона тие се посебно популарни како дел од модните фестивалски комбинации.
Ова е еден од најласкавите модели на очила кои со себе носат и доза на париски шик. Но, пред да потрошите пари на еден ваков пар, секако проверете дали вашата мајка или тетка ги чуваат своите стари очила со мачкест изглед.
За оние најхрабрите, тука се очилата за сонце со перли, кристали, цветови и разни други украси со кои сигурно ќе ги привлечете сите погледи каде и да се појавите – уште еден тренд кој е одобрен од Ријана.