Годините за неа се само број: Кристи Бринкли (64) ја открила тајната на младешкиот изглед

Кармин

25/04/2018

10:46

2.358

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите супермодели од 70-тите и 80-тите години, Кристи Бринкли, била фотографирана на улиците на Њујорк со широка насмевка што повторно предизвикало чудење кај јавноста – како е можно оваа дама да има 64 години?

Познатата Американка тврди дека нејзиниот завиден изглед е резултат на внатрешното задоволство, но факт е дека поранешната манекенка е многу дисциплинирана кога станува збор за исхраната и негата. 


Кристи Бринкли редовно ја опсипуваат со комплименти, а таа плени каде и да се појави. Иако многумина тврдат дека таа се подложила на естетски корекции, Бринкли упорно ги негира овие гласини.

Таа од својата 13-та година е вегетаријанка, пие многу течности, редовно прави пилинзи на телото и никогаш не се изложува на сонце без крем со заштитен фактор.


Кристи признала дека користела филери и ботокс, но престанала со таа пракса бидејќи не била задоволна од резултатите. Исто така, таа ги обожува ласерските третмани за подмладување на кожата на нозете.


Поранешната манекенка наполни 64 години во февруари. Кристи Бринкли често истакнува дека токму нејзините деца – 32-годишната Алекса Реј Џоел, 22-годишниот син Џек Парис Бринкли-Кук и 19-годишната ќерка Сејлор Ли Бринкли-Кук се вистински извор на нејзината младост.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk