Бугарија, Романија, Грција и Србија ќе ги забрзуваат инфраструктурните проекти на Балканот

Макфакс

24/04/2018

20:47

1.477

Големина на фонт

а а а

Бугарија, Романија, Грција и Србија разговараа за конкретни проекти за развој на Балканот за време на Советот за соработка на високо ниво, што се одржа во Букурешт.

Коридорите, како и енергертската и дигиталната конекција, беа во фокусот на разговорите помеѓу премиерите Бојко Борисов, Виорика Данцила, Алексис Ципрас и претседателот Александар Вучиќ.

Лидерите одлучија да формираат работни групи на министрите за транспорт и врски на четирите земји што ќе ги финализираат проектите пред средбата од форматот 16+1 во јули во Софија.

Борисов рече дека фактот што сè уште се одржуваат нивните состаноци е добра вест, а Ципрас истакна дека целта на четириаголниот совет е да придонесе кон мирот, стабилноста и безбедноста во регионот.

Романската премиерка за време на заедничката прес-конференција се осврна на приоритетот на бугарското претседателство за интеграција на Западен Балкан во Унијата потврдувајќи ја нејзината поддршка. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се заблагодари за нивниот ангажман со Западен Балкан, посебно за интеграциите на Србија, потенцирајќи ја подготвеноста на четирите земји да забрзаат со спроведување на инфраструктурните проекти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг