Тинејџерка го поканила познатиот актер на матурска прослава: Поради неговиот одговор таа не можела да ги запре солзите

Кармин

23/04/2018

11:02

8.196

Големина на фонт

а а а

Кејти Кензенберг од Минесота е најсреќната средношколка на светот, а сè благодарение на Двејн Џонсон.

Имено, тинејџерката по пат на Твитер го поканила Двејн да биде нејзин партнер за матурската прослава, а само неколку дена подоцна тој ѝ одговорил по пат на разгласната станица додека Кејти била на час.

“Сигурно се прашувате што прави “Карпата” на разглас? Испраќам порака до многу посебна млада дама, а нејзиното име е госпоѓица Кејти Келзенберг”, се слушало на звучниците низ целото училиште, а Кејти останала шокирана и не можела да поверува дека тоа навистина се случува.

Бидејќи Двејн е моментално на Хаваите каде го снима својот нов филм “Jungle Cruise”, тој е спречен да оди со неа на нејзината матурска вечер, но затоа ѝ се оддолжил на посебен начин.

Актерот изнајмил локално кино со цел Кејти и нејзините “најблиски” 232 пријатели и роднини да можат да уживаат во посебна проекција на филмот “Rampage”.

Сето тоа јасно го споделил и со своите следбеници на Инстаграм, а во описот додал и дека со просторот ѝ овозможил уште нешто: бесплатни пуканки, слатки и сокови за сите присутни.

“Не можев да поверувам. Бев многу возбудена”, изјавила среќната Кејти за “Pioneer Press” и додала: “Само размислувам за тоа како ме видел и како знае која сум. Ми се допаѓа што има одлична комуникација со своите обожаватели. Одвојува време од својот ден да се поврзе со нив”, вели таа.

Погледнете ја реакцијата на Кејти:


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk