Модна комбинација која и оваа пролет ќе се носи во сите прилики

Кармин

23/04/2018

09:45

3.780

Големина на фонт

а а а

Доколку секое утро се прашувате што да облечете, ова е решението за вас.

Одговорот на вечната дилема и оваа пролет е една модна комбинација која можете да ја носите во сите прилики, а се базира на две клучни парчиња кои сигурно веќе ги имате во својот плакар. 

Станува збор за комбинација од свилена кошула или блуза и фармерки со кои навистина е невозможно да погрешите.

Вовлечената кошула во фармерки ќе ви донесе одличен деловен изглед, но и шик комбинација за кафе со пријателките која слободно може да ја претворите во комбинација за вечерно излегување.

Доколку сакате да изгледате лежерно, носете ја кошулата над фармерките, а целата комбинација заокружете ја со модни додатоци.

Инстаграм е преплавен со ваквиот тренд, а кога и да сте во дилема што да облечете едноставно посегнете по овие две парчиња облека.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk