Прекрасна расцветана пунџа, нова пролетна фризура по која сите полудеа

Точка

21/04/2018

19:18

4.610

Големина на фонт

а а а

Пролетната сезона е синоним за цвеќиња. Од тетоважи до облека, носењето шарени цветни дезени ни овозможува да ги славиме подолгите денови и потоплото време. Но, за оние кои обожуваат сè што е поврзано со цвеќиња, стилистката Алисон Валсамис ја создаде врвната плетена пунџа која може да ја носите на музички фестивали, свадби, па дури и кога се чувствувате особено модерни.

Нејзината фризура инспирирана од розата прави да изгледа како да никнува прекрасен цвет (или два) од вашата глава. Ако сакате да го направите овој изглед за себе, Валсамис нуди неколку насоки. „За да ги создадам овие рози, почнувам со три мали плетенки кои ги вртам како роза и тие служат како централен дел на косата", објаснува Алисон. „Потоа, наизменично менувам помеѓу внатрешна плетенка рибина коска и холандска или надворешна плетенка рибина коска, кои се издвојуваат за да се создаде длабочина. Завршувам со холандска плетенка од три прамени која ја ширам само од надворешната страна за да го создадам чувството на голема роза во цут”.

Во прилог на нејзините пишани упатства, Валсамис објави слики од фризурата од повеќе агли на нејзиниот Инстаграм профил, така што имате корисен визуелен водич. Но поради позитивните реакции кои таа ги доби, таа дополнително создаде и краток туторијал. Па, фатете се за плетење.

Погледнете го краткиот туторијал и почнете да плетите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk