Гаспарт: Барселона ќе има идеална сезона ако се исполнат три услови

Дерби

21/04/2018

16:27

2.228

Големина на фонт

а а а

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспарт уште еднаш се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност и тоа во пресрет на завршницата на оваа сезона.

Гаспарт кој ќе остане запаметен како еден од најлошите претседатели во историјата на каталонците и човек во чие време беше направен трансферот на Луис Фиго од „Камп Ноу“ на „Сантијаго Бернабеу“ смета дека Барса може да има перфектен крај на кампањата ако се исполнат три услови.

Според него тоа е четата на Валверде да триумфира во Примера и Копа Дел Реј, а Реал Мадрид да не ја освои Лигата на шампионите.

-Најверојатно ќе страдаме во финалето на Купот и потоа ќе се обидеме да ја освоиме Примера колку што може побрзо. Ќе биде подобра до истата да дојдеме на „Риазор“ отколку на Ел Класико, ама целата оваа сезона е сведена да ние сега ја освоиме двојната круна, а Реал остане со празни раце. Најважна е Ла Лига, јас сакам три работи: Барселона да ја освои Примера, Купот и Реал да не успее во ЛШ. Се надеваме Баерн ќе ја заврши таа работа во полуфиналето, ако не тоа ќе го направи финалистот, -вели Гаспарт кој признава дека тешко ја поднел елиминацијата од Рома во ЛШ.

-Страдав два дена по ред. Бев вознемирен поради поразот на Барса во Рим и потоа беше тешко следниот ден. Тоа е така зошто Реал се пласираше во следната фаза. Тоа беа два паралелни моменти на страдања. Сакав Јуве да мине понатаму, ама се случи спротивното, -додаде Жоан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг