Информациите се точни: Буфон има специјална понуда за крај на кариерата!

Дерби

21/04/2018

16:26

1.930

Големина на фонт

а а а

Иконата на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон ја тера 17 година во дресот на калчолигашот Јувентус, но се уште не неизвесно дали ќе го продолжи патувањето со „бјанконерите“ и дали воопшто ќе ја продолжи кариерата по крајот на тековната сезона со оглед на тоа што влезе во петтата деценија од неговиот живот.

Одговорот на тоа прашање наскоро ќе го добиеме, но една работа дефинитивно е јасна-тоа е дека Буфон има понуда да заигра на сосема друга локација и континент, во дресот на Бока Јуниорс. Иако многумина на тие информации кои изглегоа низ медиумите гледаа како на шпекулации стигна потврда од гигантот од Јужна Америка, поточно од тренерот Гилјермо Барос Скелото кој за радиото „Континентал“ истакна:

-Претседателот Ангеличи ми кажа дека тие разговарале со Буфон и го прашале дали е заинтересиран, но се согласиле да зборуваат по 17 мај, -вели Скелото.

Ако Буфон се одлучи да замине за Аргентина тогаш се отвара можност да ја освои ЛШ, односно онаа во Јужна Америка која се води под името „Копа Либертадорес“. Елиминациската фаза започнува во август, па ако Бока ја оправда улогата на фаворит и ја мине групата тогаш Џиџи ќе добие шанса за пехарот (пандан) кој за жал не успеа да го освои во Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг