Русите тврдат: Пред Американците да нападнат, им кажавме каде се нашите црвени линии во Сирија!

Точка

21/04/2018

13:07

5.940

Големина на фонт

а а а

Руските власти тврдат дека пред САД и сојузниците да ја нападнат Сирија, тие им покажале кои се црвените линии за Москва и велат дека истите не биле погазени.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека Русија пред минатонеделниот напад на САД, Велика Британија и Франција на Сирија, ги предупредила Американците дека постојат руски „црвени линии“ кои не смеат да бидат погазени.

„Военото раководство беше во контакт, генералите беа во контакт, нашите претставници и воените коалиции. Им беше кажано каде се наоѓаат нашите црвени линии, точно им беше кажано каде се наоѓаат на тлото, по географска мапа. Резултатот покажа дека тие црвени линии не беа погазени“, изјави Лавров.


Се чини дека сите страни биле воздржани со цел да не дојде до директен судир помеѓу САД и сојузниците со Руската армија во Сирија, иако според аналитичарите, сега Москва се обидува да го оправда во јавноста тоа што Русија „не мрдна со прст“ кога американските ракети летаа кон Сирија.

Да потсетиме, САД, Велика Британија и Франција минатата сабота лансираа над 100 ракети на повеќе локации во Сирија за кои што постоело сомнение дека сириската армија ги користи за развивање на хемиско оружје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг