Волф: Само Ботас не погреши во Кина

КРУГ.МК

20/04/2018

17:18

913

Големина на фонт

а а а

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес повика сите во екипата да останат смирени и да почнат да работат, а во исто време е охрабрен од перформансите на Валтери Ботас на последниот Гранд При викенд во Кина.

“Сребрените“ за прв пат од 2014 година имаат низа од три трки без победа, но австриецот не дозволува разочарување.

„Во Формула 1 никогаш нема брзо решавање на проблемите. Гледате колку брзо може да се промени сликата затоа што на тестирањето и трката во Мелбурн луѓето сметаа дека повторно сме доста пред сите затоа што болидот беше доминантен. Но, по трки трки се виде дека не сме далеку.

Треба да ја симнеме главата, да останеме смирени и да најдеме решение. Има голема самодоверба во тимот, а тоа сме го докажувале и во минатото“, објасни Тото.

Во врска со последната трка во Кина, тој е задоволен од изданието на неговиот фински возач.

„Целиот викенд општо гледано не беше одобар за нас, но Ботас беше единствен кој заслужи да биде пофален.

Имаше фантастична трка, не направи никаква грешка со Безбедносното возило и со Рикардо. Ако Валтери не оставеше доволно место за Рикардо во последен момент, двајцата ќе си ја уништеа трката. Валтери е единствен во Мерцедес кој беше безгрешен во Кина“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг