"Асот во ракавот" на Путин: Дали ќе дојде до нова криза во Сирија се одлучува во Кремљ

Точка

20/04/2018

13:45

6.630

Големина на фонт

а а а

Русија предупредила на последиците по нападот кој го извеле силите на САД, Велика Британија и Франција на Сирија, а една Кремљ веќе изнел, велејќи дека на својот сојузник ќе му испорача противвоздушен систем "S-300".

Како што пишува "Bloomberg", оваа закана попрво ќе ги вклучи алармите во Израел отколку во Вашингтон, кој изведува авио напади на Сирија за да спречи воено групирање на иранските сили во близина на своите граници. Израелски аналитичари и одбранбени службеници велат дека доколку Сирија добие "S-300", постои само една опција за Израел - веднаш да се обиде да ги разнесе. 

Тоа би ги нарушило односите меѓу Русија и Израел, кои ги задржале каналите за комуникација, иако во Сирија поддржуваат спротивставени страни. Но, тоа би можело да создаде уште еден опасен момент во 7-годишната војна.

"Уништување на заканата"

Во судирот веќе се вовлечени светски и регионални сили, додека минатата седмица Русија и САД се нишанеле една со друга во најтешкиот инцидент меѓу Москва и Вашингтон во последните децении. Америка и Турција окупирале различни делови на земјата на север, додека Иран и Русија се борат заедно со војската на Асад. На небото Израел во главно оперирал сам. Но ситуацијата сега би можела да се промени.

Поранешниот израелски шеф на разузнавачките служби, Амос Јадлин, и пилот кој учествувал во уништувањето на ирачкиот нуклеарен реактор во 1981. година, има искуство од прва рака за тоа како Тел Авив да одговори на таквите закани.

"Ако ги познавам авио-силите, ние веќе имаме планови како да се погрижиме за заканата. Кога заканата ќе се отстрани, што ќе биде направено, се враќаме на почетната позиција", рекол Јадлин.

Русија веќе му продала "S-300" на Иран, и покрај противењето на САД и Израел, а Сирија до 2013. година била на пат да добие свој контингент. Меѓутоа, претседателот Путин го замрзнал договорот на предлог на Израел, но тогаш рекол и дека Москва, ако САД нападне, ќе размисли како ќе одговори во иднина.

Русија ги проценува опциите

Тој момент дошол минатата седмица, кога западните сојузници извеле ракетен напад. Веќе по неколку часа Сергеј Рудској рекол дека владата ќе ја разгледа можноста за праќање на PVO системи во Сирија. Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров за "BBC" рекол дека планот би можел повторно да биде разгледан.

Израел извел најмалку 150 бомбардирања во Сирија од почетокот на војната, пишува "Bloomberg". Последниот, на 9. април, ја уништил авио базата која ја користеле иранските војници, а мета биле и вооружени конвои на Хезболах и шиитската милиција во Либан.

Карта за преговори

Со оглед на многу веројатниот одговор на Израел, некои аналитичари во Москва сметаат дека има повеќе смисла да се користи "S-300" како карта за преговорите. И според зборовите на советничката во Кремљ, Елена Супонина, испораката на оружје би предизвикала тензии во регионот и заострување на односите со Израел.

"Доволно е да се обезбеди Сирија со системи кои нема да предизвикаат таков одговор", вели таа.

Дури и сегашните сириски системи од времето на СССР може да нанесат штета. Во февруари бил соборен "F-35", првиот авион кој Израел го изгубил во акција од 1980-тите години, додека Русија тврди дека многу од томахавките кои сојузниците ги лансирале, всушност биле соборени.

Нема непобедливи

Во секој обид да се уништи ново вооружување, Израел веројатно би користел американски "F-35" Стелт авиони и техника за електронска војна. Според зборовите на руските воени експерти, иако "S-300" е моќен систем, не е апсолутен гарант.

"Нема непобедлив систем за противвоздушна одбрана, како што нема ни непобедлив авион", рекол Виктор Мураковски, поранешен воен полковник.




Спонзорирани линкови

Маркетинг