Седум величенствени: Сите хит модели на чанти за сезоната на едно место

Кармин

20/04/2018

12:57

2.055

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за модните акцесоари, овогодишните трендови никогаш не биле поинтересни. Затоа, купувањето на нови е наједноставниот начин како да го освежите својот изглед оваа пролет.

Во продолжение, погледнете ги хит моделите од кои веруваме дека лесно ќе го пронајдете вашиот фаворит. 

Проѕирна чанта

Ова е модел на чанта кој оваа сезона ќе ви обезбеди максимални стилски бодови.

Мрежести модели

Едно е сигурно – ваквите чанти ќе ги носите во текот на целото лето.

Кружни рачки

Не е сè до моделот на чантата – има нешто и во рачките. Кружните рачки кои изгледаат како нараквици се ставени во фокус веќе неколку сезони.

Чанта-корпа

Чантите кои наликуваат на плетени корпи се идеални за прошетка низ град, кафе со пријателките, излет...

Логоманија

Трендот кој беше популарен во раните 2000-ти, повторно го полуде модниот свет. Чантите со дизајнерско лого слободно носете ги и оваа сезона.

Околу струкот

Уште еден тренд кој е резервиран за дамите со похрабар стил.

Со перли

Симпатични и посебни, ваквите чанти оваа пролет ќе го привлечат целото внимание и ќе ви обезбедат шик изглед.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk