Руски научник го открива најмоќниот природен лек: Четири лажички дневно за оптимално здравје

Кармин

20/04/2018

11:31

9.685

Големина на фонт

а а а

Рецептот на рускиот научник, професор Христо Мермерски претставува револуционерен лек, кој наводно излекувал илјадници луѓе од рак.

“Тоа е храна за лекување на комплетниот организам, а ракот сам се повлекува”, изјавил проф. Мермерски. 

Тајната е во тоа што оваа мешавина ги прочистува крвните садови, го лекува срцето, го обновува имунитетот и ги прочистува црниот дроб и бубрезите.

Исто така, ја подобрува работата на мозокот и помнењето, спречува инфаркт и го закрепнува телото по доживеан инфаркт или мозочен удар. Многумина тврдат дека станува збор за најдоброто средство против сите видови на рак.

Потребни состојки:

• 15 свежи и непрскани лимони

• 12 главици свеж лук

• 1 кг. домашен мед

• 400 гр. изртено жито (млада зелена пченица)

• 400 гр. свежи ореви


Подготовка на изртената пченица: 

Ставете 400 гр. пченица во стаклен сад. Прекријте ја пченицата со вода и оставете ја да отстои преку ноќ. По 10-12 часа, преку чиста газа процедете ја водата и добро исплакнете ги зрната, па повторно процедете ги низ газа.

Во сад, оставете ја исчистената пченица да отстои 24 часа. Потоа ќе добиете пченица со изртени никулци со големина од 1-2 милиметри.

Припрема на лекот:

Во блендер сомелете ги изртената пченица, оревите и исчистените главици лук. Одделно измелете 5 лимони со кора, па измешајте ги заедно со претходната смеса. Од останатите 10 лимони, исцедете го само сокот и помешајте го со останатата смеса, додека истата не стане хомогена.

Додадете го медот и подолго мешајте со дрвена лажица, па истурете ја во стаклен сад. Оставете да отстои 3 дена во фрижидер, па потоа можете да почнете со консумација.


Примена:

Оваа мешавина се консумира 30 минути пред појадок, пред ручек, пред вечера и пред спиење. Доколку го користите за лекување на рак, консумирајте по една до две лажици на секои 2 часа.

Професорот Мермерски вели дека рецептот гарантира здравје и долг живот, како и целосно лекување на ракот и зачувување на младоста и енергијата на телото.

“Овој лек ги содржи сите неопходни витамини, минерални соли, биоактивни супстанци, протеини, јаглехидрати и билни масти. Токму затоа ја подобрува работата на сите внатрешни органи и жлезди кои го одржуваат телото здраво, а доведува и до лекување на ракот во целост”, истакнува докторот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk