На 22-ри април во Занаетчиска комора Скопје, со почеток од 11 часот ќе се одржи еднодневен едукативен семинар за фризери наречен “Look and Learn” (Гледај и учи).
“Look and Learn” е еднодневен семинар кој нуди совршена можност за освежување на вашето знаење. Семинарот нуди разновидна програма, почнувајќи од најновите техники за боење на коса и техники за сечење на косата до најсовремените стилови на коса.
На семинарот ќе се претстави и дел од најновата колекција DREAMS, како и нивната визија за трендовите за претстојната сезона што ќе биде идеална можност за инспирација и освежување на знаењето.
На семинарот ќе учествуваат Дејан Костиќ, сопственик на два салона “UNICUT”, Душан Шовљански, сопственик на “Frizeraj Sovljanski” и Дејан Николиќ, сопственик на салонот “Pramen”.
Повеќе информации можете да дознаете на официјалниот Фејсбук настан за семинарот и Фејсбук страната на "New Age Hair Group".