Таа е мајка на 20-годишен син, но никој не може да поверува во тоа – кога ќе видите како изгледа, ќе сфатите и зошто

Кармин

19/04/2018

15:28

6.199

Големина на фонт

а а а

Шими Мунши е мајка на 20-годишен син, а изгледа толку младо што луѓето често помислуваат дека му е сестра или девојка.

Оваа самохрана мајка има 41 година, но никој не би ни ја претпоставил оваа бројка. Мунши вели дека често ја обвинуваат дека за нејзиниот изглед се заслужни пластичната хирургија, скапите креми за лице и козметичките третмани, но таа го тврди токму спротивното. 


“Отсекогаш сум изгледала младолико. Кога моите пријатели почнаа да стареат, јас очигледно тргнав во друг правец, но не знам зошто. Одвреме-навреме се чувствувам како женски Петар Пан”, вели Шими.

Таа го родила својот син Амен на 20 години. 


Мунши признава дека честопати тешко ѝ паѓало да “жонглира” помеѓу работата и мајчинството како самохрана мајка, а сите сметале дека сиот тој стрес ќе се одрази и на нејзиниот изглед. Но, наместо тоа, таа не старее.


“Консумирам зелен чај, не пушам цигари и не пијам алкохол. Вежбам во теретана и пијам многу вода. Никогаш не сум правела операции и никогаш не сум посетила пластичен хирург”, вели самохраната мајка чиј изглед е толку неверојатен што честопати ѝ бараат лична карта како доказ за годините.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk