Совети од успешна деловна жена: Овие три промени ќе ви го отворат патот кон успехот

Кармин

19/04/2018

11:09

2.811

Големина на фонт

а а а

Венди Сакс себеси се нарекува “мајсторка” во пренасочување на кариерата. Успешната ТВ продуцентка и добитничка на “Еми” работела за CNN, NBC и Fox, а била и PR на Конгресот во САД.

Сакс гордо признава дека повеќе пати била отпуштена од работа, што не е воопшто необично за нејзиниот сектор во кои промените на водечките позиции се чести. 

Меѓутоа, тоа во ниту еден момент не ја обесхрабрило. Токму напротив – секој пат Венди гледала на отказите како на прилика да почне отпочеток и да ја пренасочи својата кариера.

Во разговор за ценетото американско бизнис списание “Forbes” таа открила три клучни промени кои жените треба да ги направат доколку сакаат да бидат успешни.


Престанете да се извинувате

Доколку сакате да се извините за нешто што сте направиле, направете го тоа, но постојаното извинување ја намалува вашата моќ, посебно во електронските комуникации. “Одбивајте да се одрекувате од сопствената моќ и да се прилагодувате на ситуацијата. Балансирајте помеѓу топлина и директност – насмејте се, но останете цврсти кога се во прашање вашите барања”, вели Венди.

Креирајте сопствени прилики

Сите го познаваат оној тип на луѓе кои секогаш се наоѓаат на вистинско место во вистинско време. Сакс вели дека тоа не е случајност.

Тие луѓе сами ги креираат своите прилики благодарение на тоа како се поврзуваат со другите успешни луѓе. Контактите, едукацијата и посетата на разни конференции и семинари се важни за развојот на кариерата. Со тоа запознавате потенцијални нови соработници и добивате нови идеи.


Променете го вашиот став кон неуспехот и неискуството

Жените честопати го доживуваат неуспехот многу лично бидејќи се плашат од ризик, сакаат да бидат совршени и секогаш да ја прават вистинската работа.

“Доколку не ризикувате, нема да напредувате. Најголемата самодоверба и личниот развој произлегуваат од неуспехот и грешките. Тогаш сфаќате дека секогаш можете да станете по падот и да продолжите понатаму”, смета Сакс.

“Нема лимит за вашето знаење, тоа секогаш може да се проширува. Не се откажувајте од огласите за некоја работа само затоа што сметате дека не ги поседувате потребните вештини. За време на интервјуто, кажете им сè што знаете и напоменете дека брзо учите”, советува Венди.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk