Изневерената Клои Кардашијан доживеала нервен слом по породувањето

Кармин

19/04/2018

09:34

8.193

Големина на фонт

а а а

Неколку дена откако го родила своето прво дете, по прељубничкиот скандал поради нејзиното момче и татко на ќерката Тру, Тристан Томпсон, Клои наводно доживеала нервен слом.

Нејзините сестри Ким, Кортни и Кендал кои овие денови се забавувале на фестивалот Коачела, завчера со приватен авион одлетале во Кливленд каде Клои моментално живее со Тристан, за да ѝ пружат поддршка во тешките моменти.

Главата на семејството, Крис Џенер, останала покрај својата ќерка во нејзиниот дом откако фотографиите од неверството на Тристан го обиколија светот.

Целото семејство е бесно на кошаркарот, вклучувајќи го и Роб Кардашијан и сопругот на Ким, Канје Вест, а се чини дека ни Клои сепак не му го простила неверството бидејќи наводно се припрема за враќање дома.

Како што наведуваат странските медиуми, Клои потрошила околу 4 илјади долари на патна опрема за бебето и во првата прилика планира да го напушти неверниот партнер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk