Хорнер: И Фетел беше како Верстапен

КРУГ.МК

18/04/2018

19:09

2.042

Големина на фонт

а а а

Кристијан Хорнер не е многу загрижен за инцидентите што на последните две трки ги предизвика неговиот пулен Макс Верстапен, затоа што е свесен дека и четирикратниот првак Себастијан Фетел, на почетокот на кариерата имал сличен стил на возење.

Јасно е дека ако останеше приземен и повеќе размислуваше, холанѓанецот можеше да победи во Кина, но тоа го направи неговиот колега Даниел Рикардо и стигна до победа на фантастично атрактивен начин.

„Убеден сум дека тој има феноменален талент и е доволно умен да ги препознае областите на кои треба да работи. Не се сомневам дека ќе ги поправи негативните страни затоа што разговараме за тоа.

Талентот му е многу очигледен, неговата храброст и тркачки инстинкт исто така. Денеска лошо пресуди, беше многу нетрпелив, но следниот пат сигурен сум дека ќе го поправи тоа, нема сомнеж“, смета Хорнер.

Британскиот тимски шеф го спореди Макс со Себастијан Фетел на млади години, возачот кој донесе 4 титули во Милтон Кинс.

„Зборував со Себастијан по трката и тој многу го ценеше гестот на Макс што веднаш се извинил. Свесни сме дека погреши, но јас се сеќавам дека го имав и Ветел во сличен стадиум од својата кариера и тој беше критикуван за своите чудни грешки.

Макс многу ќе научи од трката и сето тоа добро ќе го искористи на трките кои следат затоа што имаме брз болид, како што покажавме во Шангај“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг