Таа има најдобар задник во фитнес светот, а еве како го постигнува тоа

Кармин

18/04/2018

14:42

9.229

Големина на фонт

а а а

Ја нарекуваат “The Body”, а милиони ширум светот ѝ завидуваат на нејзиниот задник кој го довела до совршенство.

Мишел Левин е една од најпознатите фитнес инструкторки, а тајната на нејзиниот изглед е во посветениот тренинг. 

Убавата Венецуелка немала среќно детство бидејќи рано го изгубила својот татко, мајка ѝ се премажила а подоцна тие две останале сами.

Својата среќа ја пронашла покрај шведскиот бодибилдер Џими Левин, со кој Мишел е во брак од 2010 година.

На Инстаграм, Левин има повеќе од 13 милиони следбеници, а таа секојдневно објавува вежби со кои можете да го постигнете нејзиното тело.

“Не секогаш изгледав како што изгледам денес. Мојот сопруг тотално ме промени – јас ослабев и изградив мускули”, признала убавицата која наутро консумира само јаглехидрати.

За ручек бира протеини, а попладне јаде само зеленчук. Во текот на денот има четири оброци, а таа е многу дисциплинирана кога станува збор за исхраната.

“Недела е мој ден. Тогаш консумирам што ќе посакам како пица и тестенини кои одвај прекинувам да ги консумирам тој ден”, признала Левин.

Кога се вежбите во прашање, таа најмногу претпочита да вежба клекнувања во голем број повторувања.

“Има многу девојки кои се занимаваат со истата работа како и јас. Постојано се трудам да внесувам новитети во вежбањето, потези кои луѓето ќе ги сакаат. Во тоа е мојата предност во однос на останатите”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk