"BBC" ја менува плочата: Скрипал и ќерка му отруени со агенс во течна состојба, а не гас

Точка

17/04/2018

17:42

4.374

Големина на фонт

а а а

Нервниот агенс со кој биле отруени поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, бил во течен облик, пренесува "BBC".

Секретаријатот за животна средина, исхрана и рурални бизниси, кој го чистел теренот на кој биле пронајдени Сергеј и Јулија Скрипал, соопштил дека е пронајдена "многу мала количина" од нервниот агенс Новичок, заедно со супстанца испорачана во течна состојба.

Скрипал и неговата ќерка биле пронајдени на 4. март во несвест на клупа во Солисбери во јужна Англија.

За нападот со нервен агенс Велика Британија без ниеден доказ ја обвинила Москва, што Русија демантирала. Британија започнала дипломатска војна со Русија, во која се приклучиле повеќето членки на ЕУ, па уследило взаемно протерување на дипломати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг