Најопасните затвореници во отворена војна: Седум лица загинаа во жестоките судири во затвор во САД

Точка

16/04/2018

16:10

2.821

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат американските медиуми, во организирана затворска тепачка во Јужна Каролина, биле убиени 7 затвореници, а над 17 биле пренесени во болница поради тешки повреди.

Овој црн биланс го соопшти управникот на затворот во оваа американска сојузна држава, Џеф Тајлон, откако ноќеска припадници на државните сили за безбедност морале да упаднат во затворот за да ги смират судирите и да го обезбедат целиот објект.

Масовната тепачка избила во три затворски блока, а целата ситуација се смирила дури после неколку часа.

Портпаролот на затворот кој што инаку е затвор со висок степен на обезбедување, соопшти дека во големата тепачка никој од чуварите не бил повреден, туку само настрадале затворениците.

Инаку, во овој затвор во Јужна Каролина биле сместени околу 1,500 затвореници кои што отслужуваат казни за тешки дела. Два чувари во истиот затвор беа избодени во инцидентите во 2015-та година, а во февруари оваа година еден затвореник уби друг затвореник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг