Неверојатните зборови на еден искрен сопруг го обиколија светот: “Како можев да бидам толку проклето глупав?”

Кармин

12/04/2018

14:36

9.951

Големина на фонт

а а а

Шон и Ешли Прајс се брачен пар со две мали деца. Како таков, животот им е многу содржаен и напорен, а неговата последна објава од пред неколку дена стана вистински хит на интернет.

Искрените зборови за поддршка и признанието дека неговата жена е херој предизвикаа бура од реакции. 

Шон често сметал дека неговата сопруга е многу чувствителна и слаба личност, но сега тој сфатил дека таа е многу посилна отколку што мислел. Затоа и одлучил јавно да ѝ се извини.

“Честопати ја нарекував слаба поради нејзините интензивни емотивни реакции кон разните работи. Ѝ кажував да порасне, да стане жена. Често бев неправеден кон неа бидејќи не ја гледав силата во неа која ја барав. Ја заменив нејзината љубов со слабост”, напишал Шон.

Тој во текстот опишал дека Ешли е мајка на две деца кои ги родила по природен пат, иако и двете бебиња тежеле само 3.600 грама. Таа работела сè до породувањето – два пати.


“Гледам како секојдневно се враќа од работа по 12-часовната смена, секогаш расположена. Како можев да бидам толку проклето глупав за да ја забележувам само нејзината слабост?”, се запрашал тој, а сфатил дека погрешил кога ја видел преуморната Ешли како спие со децата во нејзина прегратка.

“Кога влегов во дневната соба и го видов тоа, сфатив каква будала сум ... Не го гледаме тоа што е пред нас бидејќи сме преокупирани со некои фантазии. Му благодарам на Бога за мојата жена, за подемите и падовите, за секојдневните лекции и за силата која таа ја има”.


Неговата објава добила повеќе од 130 илјади реакции, а е споделена над 90 илјади пати. Многумина го пофалиле Шон поради искреноста – вклучувајќи ја и неговата сопруга.

“Ние сме одличен тим. Секако, се разликуваме на многу начини па понекогаш е тешко да се отвориме еден кон друг. Го ценам твоето признание и времето кое си го вложил да го кажеш тоа за нас, а и ти се заблагодарувам”, одговорила Ешли на искрената објава.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk