Тајлајтинг (thighlighting) е најнова процедура во американските и британските клиники за естетска хирургија, а за неа се определуваат жени кои сакат да имаат мазни, затегнати и обликувани нозе како Бела Хадид, Кендал Џенер и Џенифер Лопез.
Ваквата операција овозможува целосна промена на изгледот на нозете, а може да вклучува голем број болни и инванзивни операции.
Додека другите хируршки процедури обично се однесуваат на регулирање на обемот на нозете, тајлајтингот се состои од комбинација на повеќе зафати како што се намалување на обемот на бутините, зголемување на потколениците со импланти, контурирање на внатрешниот и надворешниот дел од бедрата и липосукција.
Пластичниот хирург Габриел Чиа од Беверли Хилс објаснува дека овој тренд е инспириран од изданијата на познатите дами од црвениот тепих како Анџелина Џоли и Кендал Џенер, кои најчесто носат елегантни фустани со длабок прорез.
Неговиот колега, д-р Ешо од лондонската клиника “Ешо” тврди дека идеалите за убавината се изменети и дека во текот на претходните неколку години, жените сè повеќе се фокусираат на изгледот на своите нозе.
Очекувано, овие третмани не се воопшто евтини – во зависност од техниката која се користи, оваа процедура изнесува околу 7 илјади фунти.