Британската поп сензација, Дуа Липа, од почетокот на кариерата не експериментирала со изгледот.
Но, 22-годишната пејачка сега се одлучила на драстична промена на фризурата со која се пофалила на Инстаграм и ги воодушевила обожавателите. Таа, својата долга рамна коса ја скратила до линија на брадата, а брановидниот боб на младата пејачка совршено го освежил нејзиниот изглед.
Оваа фризура веќе неколку години е на тронот на најпопуларни фризури, а тоа не се менува ниту оваа година. Можеме со сигурност да кажеме дека Дуа Липа е целосно во чекор со трендовите.