Нишани: Незадоволството кај народот е поради лошото владеење на премиерот Рама

Макфакс

10/04/2018

15:37

2.486

Големина на фонт

а а а

Поранешниот албански претседател Бујар Нишани оценува дека Албанија се наоѓа пред голем и масовен револт на народот. Нишани во интервју за тиранскиот весник „Панорама“ вели дека масовната експлозија на народот која ќе има несогледливи последици е резултат на неколку годишното незадоволство на народот.

Тој додава дека револтот што народот го искажа за време на протестите поради високата патарина на автопатот што ги поврзува Албанија и Косово ќе продолжи и со нови протести.

Незадоволството кај народот е големо поради лошото водење на државата од страна на владата на Еди Рама од која расте бројот на сирамашните граѓани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг