Застрашувачкото видео кое секој родител треба да го види

Точка

07/04/2018

22:15

15.350

Големина на фонт

а а а

Шокантно видео кое за кратко време достигна голема гледаност покажува колку брзо едно парче необезбеден мебел може да падне врз дете и да го повреди - и тоа доаѓа како навремено предупредување до сите родители.

Видеото го покажува застрашувачкиот момент кога голема комода со фиоки станува нестабилна и за малку не го повредува детето.


Само неколку секунди порано, може да се види детето како си игра со фиоките во соба, отворајќи ги сите една по една. Детето, заедно со брат му, се чини дека игра без надзор. Кога комодата паѓа, детето за малку го избегнува она што можеше да биде многу сериозна несреќа. После секунди од овој настан, се симнува некоја жена и го проверува детето. За среќа тоа нема никакви повреди, само нормално било уплашено.

Видеото покажува колку лесно мебелот што не е правилно обезбеден може да стане потенцијален ризик за мали деца. Во САД, на секои 30 минути некое дете е повредено, често сериозно, откако телевизор или парче мебел паднале врз нив.

„Homesafe Kids” советува родителите секогаш да бидат свесни дека мебелот или украсите со нестабилни основи може лесно да се повлечат ако не се правилно обезбедени. Малите деца во одредена фаза од нивниот развој ќе сакаат сегде да се качуваат што може да ги направи полиците особено опасни. Ако полиците не се стабилни, на родителите им се советува да го осигураат мебелот за ѕидот и да не ставаат омилени играчки на врвот на мебелот зошто тоа би можело да ги поттикне да се качат за да стигнат до нив.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk