Мрачниот свет на неуспешните Јутјубери: Убиства, злоставување деца и спонтани абортуси

Точка

07/04/2018

12:22

5.981

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку години, постојано се појавуваат приказни во медиумите за многу млади и многу успешни Јутјуб ѕвезди кои добро заработуваат, снимајќи видеа за своите бројни следбеници, но постои и друга страна на медалот.

Покрај успешните Јутјубери, постојат и илјадници кои не успеале да се пробијат, а некои во потрага по интернет слава отишле предалеку и ги уништиле своите животи. 

Многумина од нив објавиле екстремни, па дури и вознемирувачки снимки поради кои имале проблеми со законот.

Насим Агдам и нападот во зградата на Јутјуб

Најнеодамнешниот и еден од најекстремните примери на лица чиј живот бил уништен од Јутјуб е Насим Агдам, жената која отвори оган во седиштето на компанијата.

Таа ранила три лица, а на крајот си го одзела животот. 38-годишната Агдам била активистка за правата на животните, а на својот канал објавувала прилично бизарни пародии.

Имено, Насим тврдела дека Јутјуб ѝ ги филтрира видеата, го ограничува нејзиното право на изнесување на мислење и ја спречува во објавување на видеата.

Моналиса Перез и неуспешниот обид за запирање на куршум

20-годишната Моналиса Перез, минатиот месец е осудена на шест месеци затвор поради убиство на нејзиното 22-годишно момче Педро Руиз во текот на снимањето на видео за Јутјуб.

Планот бил Моналиса да испука куршум кон дебела енциклопедија која Педро ја држел на своите гради, но тие не очекувале дека куршумот ќе пробие низ кориците. Моналиса по несреќата повикала Итна помош и до доаѓањето на лекарската екипа се обидела да го одржи момчето во живот.

Парот имал 3-годишна ќерка, а за време на трагедијата Моналиса била бремена. Нивната ќека Алија сведочела за смртта на својот татко.

Мајк Мартин и злоставувањето на неговите деца

Мајк го водел популарниот канал “DaddyoFive” кој го следеле 760 илјади луѓе, а токму поради каналот тој го изгубил старателството над децата.

Имено, голем број корисници на Јутјуб не ги сметале неговите шеги за смешни, туку за злоставувачки, посебно оние на сметка на неговото најмладо дете – Коди.

Дел од шегите подразбирале убедување дека Коди е посвоен, негово туркање кое завршило со крвав нос, уништување на неговите играчки и викање кое честопати го оставало детето расплакано.

“Го мразам својот живот, зошто едноставно не ме убиеш?”, прашало детето во едно од видеата.

Иако Мајк подоцна се извинил и јавно навел дека не ги злоставува своите деца, тој го изгубил старателството над 9-годишниот Коди и 12-годишната Ема.

“The Toy Freaks” и чудните снимки од девојчиња

Основач на овој канал е Грег Шизм, а го следеле осум и пол милиони луѓе.

Каналот кој беше затворен во ноември 2017 година, прикажувал снимки од девојчиња во многу чудни ситуации кои некогаш вклучувале луди игри со храна или симулација на повраќање, а некои од снимките и ги прикажувале девојчињата како се преправаат дека уринираат една на друга.

Сем и Ниа Радер и лажниот спонтан абортус

Овој пар заврши на насловните страници во 2015 година кога биле обвинети за лажирање на спонтан абортус. Причината е, веројатно погодувате – гледаност на Јутјуб.

Кратко откако објавиле дека Ниа е трудна, следела објава дека таа имала спонтан абортус. На почетокот тие добиле многу пораки за поддршка, но некои луѓе забележале дека само неколку часа по наводниот абортус, парот весело го славел зголемувањето на бројот на следбеници на нивниот канал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг