Детали од животот на идната принцеза: Меган Маркл му го скршила срцето на поранешниот сопруг

Точка

02/04/2018

13:32

6.059

Големина на фонт

а а а

Кога Меган Маркл одлучила да стави точка на бракот со продуцентот Тревор Енгелсон во 2013 година, таа реагирала брзо, практично и можеби помалку сурово, пишуваат светските медиуми.

Наместо од својот нов дом лично да се упати во Лос Анџелес, каде живеела со својот сопруг, Меган својот веренички и свадбен прстен му го испратила – по пошта. 


Енгелсон, кој својата тогашна сопруга ја запознал на сетот на ТВ серијата “Suits”, бил скршен по изненадното барање за развод на Маркл, две години откако тие се венчале.

Овие информации испливале во новата биографија на Меган и истите ја менуваат сликата за идната симпатична принцеза. Биографијата е напишана од страна на Енди Мортон во која ја опишува Меган Маркл како комплексна личност. Таа отсекогаш сонувала за тоа да стане принцеза, а желбата ѝ била да стане како Дајана, изјавила нејзина блиска пријателка од училиште.


Мортон открил и дека Меган се ослободила од сите блиски луѓе во својот живот кои не одговараат со нејзиниот моментален социјален и професионален статус.

Енди Мортон се прослави со книгата за Дајана, во која изнел грст информации за пропаднатиот брак на принцезата, а во ист правец тргнал и сега. Кралското семејство не се огласило за сето ова.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk