Холивуд полуде по новиот бизарен бјути тренд кој вклучува корејски новороденчиња

Точка

19/03/2018

14:42

5.975

Големина на фонт

а а а

Додека не се пронајде еликсирот на младоста, холивудските ѕвезди ќе испробаат навистина сè, само за да изгледаат помладо и поубаво.

Се чини дека ботоксот и естетските корекции повеќе не се доволни за богатите дами, па во последно време слушаме и за разни алтернативи и често многу бизарни начини на помладување, како третман на лицето со постелка. 


Но, најновиот холивудски анти-ејџ тренд е официјално најбизарен досега. Имено, новиот хит во подмладување на лицето е со помош на кожичката од пенисот на корејски новороденчиња. Да, добро прочитавте – славните дами го негуваат своето лице со кожичка од пенисот на новороденчињата.

Меѓу познатите селебрити кои се опседнати со овој третман се Кејт Бланшет и Сандра Булок, а за еден третман за подмладување тие издвојуваат 650 долари.

“Сандра и јас бевме заедно на третман во Њујорк и го нарековме “пенис третман”, раскажала Бланшет за “Vogue” и додала дека по третманот, кожата им била блескава и имала младешки изглед.


Овој начин на подмладување официјално се нарекува “EGF Treatment” (Epidermal Growth Factor) бидејќи се темели на EGF серум кој го поттикнува обновувањето на клетките на кожата, а се добива од матичните клетки на сврзното ткиво од кожичката на пенисот, по обрежувањето.

Во текот на третманот, клетките се вбризгуваат во кожата на лицето со помош на микроигли, а истите поттикнуваат подобро производство на колаген и еластин.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk