Пет масни намирници кои треба да ги консумирате секој ден – слабеењето е загарантирано

Точка

19/03/2018

11:21

5.911

Големина на фонт

а а а

Во текот на процесот на слабеење, многумина се откажуваат од дотогашниот начин на исхрана и прифаќаат некои нови, често строги правила кои “гарантираат” пад на сказалката на вагата.

Но, за здравото слабеење е најважен внесот на оптимална количина на нутритивни состојки кои можат да ги задоволат само одредени видови на масни намирници. 

Еве од кои пет намирници не треба да се одвикнувате во текот на диетата:

Намирници богати со омега-3 масни киселини

Есенцијалните масни киселини се неопходни за извршување на функциите во телото. Затоа треба да ги внесувате на дневна база, преку лосос, туна, сардели, јаткасти плодови, маслиново и ленено масло кои се добри извори на омега-3 масни киселини.


Житарици од цело зрно

Не сите јаглехидрати се непријатели на телото. Рафинираните и преработените треба да се избегнуваат, додека житариците од цело зрно се богати со протеини, влакна и витамин Б кои се важни за нормално функционирање на дигестивниот систем. Тие изобилуваат и со влакна кои го продолжуваат чувството на ситост, како и калциум, магнезиум и силициум. Во исхраната внесете моќни семиња како просо, јачмен, хељда, овес и ‘рж.

Јаболков оцет

Јаболковата киселина е главна состојка на јаболковиот оцет која е одговорна за брзо разградување на скробот, со што се олеснува губењето на вишокот килограми. Оцетот е најдобро да се консумира во комбинација со вода, но внимавајте процентот на јаболкова киселина да не биде поголем од 5 отсто, со што ќе го намалите ризикот од желудочни тегоби.


Темна чоколада

Темната чоколада содржи антиоксиданси и полифеноли, додека теоброминот, теофилинот и кофеинот се биоактивни компоненти на какаото во прав кои делуваат на централниот нервен систем, го намалуваат апетитот и создаваат чувство на ситост.

Кокосово масло

Кокосовото масло е заситена масна киселина во која доминира лауринската киселина – позната по своите антибактериски и антивирусни својства. Кокосовото масло е лесно сварливо, не ја забавува дигестијата, а организмот го користи како брз извор на енергија. Маслото можете да го користите како додаток во јадењата, а најголем ефект има доколку секојдневно консумирате по една мала лажичка кокосово масло.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk