"Како дише?": Тамара Еклстоун повторно се појавила во претесен фустан

Точка

16/03/2018

16:20

8.418

Големина на фонт

а а а

Тамара Еклстоун вчеравечер уживала во излегувањето со сопругот Џеј Рутланд, сестра ѝ Петра и нејзиното ново момче Сем Палмер во која пронашла утеха по болниот развод од поранешниот партнер Џејмс Стант кој физички и психички ја злоставувал.

Најмногу внимание привлекла 33-годишната Тамара која ретко ги изненадува модните критичари со своите креации и покрај богатството, но барем во последно време ги одбегнува впечатливите бои, различните дезени, пердуви, светки и слични работи со кои е лесно да се премине границата на добриот вкус. 


Но, богатата наследничка сега почнала да греши во нешто друго, а станува збор за претесната облека од која не се откажува и покрај фактот што има вишок килограми.


Наместо да носи попримерна облека, бринетата секогаш избира парчиња за кои целиот свет зборува.


Токму тоа бил и случајот вчеравечер каде синиот сако-фустан со впечатливи златни копчиња не бил лоша идеја, но доколку истиот би имал малку поширок крој. Модните критичари коментираат дека во ваквата комбинација Еклстоун изгледа како одвај да дише.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk