Дали некогаш сте се запрашале како славните жени како Кејт Аптон, Џеј Ло или Хајди Клум, и покрај годините, изгледаат толку згодно и затегнато?
Секако, правилната исхрана и напорните тренинзи се главните “виновници” за добриот изглед, но тоа не значи дека токму секоја вежба и секој вид на исхрана е најдоброто за вас.
Но, исклучок од сето ова се универзалните, докажано совршено вежби со кои никогаш нема да погрешите.
Тоа го потврдува и Дејвид Кирш, познатиот тренер на пејачката Џенифер Лопез, кој со години ја тера да ја изведува вежбата со која се зајакнува, како што вели тој, “сè од струкот нагоре”. Тоа е вежба во која мора да ги ангажирате мускулите на рацете, стомачните и градните мускули, како и мускулите на рамената и грбот. Со оглед на тоа што вежбата се изведува на фитнес топка за баланс, дополнително се вежба стабилноста и силата на целиот горен дел на телото.
Бидејќи вежбата е прилично тешка за изведување во поголем број на повторувања, тренерот на Џеј Ло советува прво добро да го припремите телото за неа со обичен планк и склекови, а потоа и со полесни варијанти на ваквата вежба.
Кога веќе ќе бидете спремни за овој чекор напред во зајакнување и зацврстување на телото и видливо дефинирани мускули на рацете, стомакот, градите, рамената и грбот, изведувајте ја онака како што советува тренерот на славната убавица.