Жена криела кутии на таванот повеќе од 40 години: Кога мажот ги отворил, не можел да си поверува на очите

Точка

14/03/2018

11:28

5.560

Големина на фонт

а а а

Во бракот не треба да постојат тајни – ова е советот на сите успешни парови. Меѓутоа, доколку како тајна би можело да се смета она што Крис Бреснан го направила, тоа и не е толку лошо.

Жената повеќе од 40 години криела кутии на таванот без нејзиниот маж да знае – но, секоја тајна се открива порано или подоцна. 


Бил Бреснан ѝ пишувал по едно љубовно писмо секој ден од 1974 година. Денес, во кутиите се наоѓаат над 10 илјади писма, а секој од тие писма е потпишано со “Те сакам, драга моја”.


Крис Бреснан се сеќава на секој датум од 1982 година, кога почнале да излегуваат во кино или ресторан. Тој најпрвин ѝ пишувал писма на салфетки од кафулињата во кои тие излегувале, за подоцна да се префрли на хартија.

Но, тој не знаел едно нешто – неговата сопруга грижливо ги чувала секое од писмата и ги пакувала во кутии. Писмата се хронолошки подредени во 25 кутии. 


“Мојот најголем страв е дека еден ден толку ќе остарам што ќе заборавам да ѝ пишувам писма”, изјавил Бил.

Доколку ова не е знак на вистинска приврзаност и верност, тогаш навистина не знаеме што е!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk